Ставрески: Обезбедени средства за сите капитални проекти и потреби во буџетот

 

Со новоизедадената обврзница од 270 милиони евра Република Македонија обезбеди средства за финансирање на сите проекти и потреби во Буџетот и продолжување со стабилните текови и стабиланта реализација на буџетот.

Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески попладнево по повод денешното издавањето на македонеската еврообврзница во износ од 270 милиони евра.

Според министерот најзначајно за граѓаните е што оваа година донесе многу неизвесности, многу нестабилности, многу сериозна политичка криза, и дека единствената светла точка во државата беше и останува да биде економијата која, како што рече, нема да дозволат во тој дел да има никакви нарушувања.

- Сите граѓани, сите стопанственици, сите оние кои добиваат средства од буџетот, сите фирми што работат на реализација на проекти треба да знаат дека се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на Буџетот и РМ и во 2016 година ќе има стабилна економска година и ќе има добра ликвидност на буџетот што значи ќе се реализираат сите предвидени проекти вклучително и проектите како што се изградбата на патиштата, болници, реализација на субвенции, спортски сали, градинки и се што се финансира од Буџетот, истакна Ставрески и додаде дека сите треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ И Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ сериозно пристапуваат кон изработка на буџетот и на обезбедувањето средства за негово финансирање.

Порача дека граѓаните треба да бидат спокојни дека додека одлучува ВМРО-ДПМНЕ за буџетската политика и за потребите што треба да се финансираат од буџетот ќе има доволно средства за сите проекти што се предвидени во 2016 година, за кога, како што рече, имаме рекордно високо ниво на инвестиции, висок износ субввенции, висок износ на средства за рурален развој, за училишта, болници и се друго.

Појасни дека како сериозна Влада мора да ги враќаат и обврските што ги направила претходната влада, односно владата што во 2005 година издала 10-годишна еврообврзница која доспева на 8 декември во износ од 150 милиони евра.  -Ние мора да ја вратиме таа обврзница и РМ мора сериозно да се однесува кон обврските независно дали ги направила влада на СДСМ или Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Таа обврзница беше планирана и претходно и најголем дел од средствата се обезбедени со претходната обврзница што во 2014 година се емитуваше, а еден помал дел ќе биде дополнет со средствата од оваа нова еврообврзница. Така на тој начин ќе ги исплатиме обврските што ни ги оставила владата на СДСМ и не сакаме да го политизираме ова прашање. Сметаме дека тоа е нормален начин на функционирање на една држава, истакна министерот за финансии.

Еврообврзницата е издадена на износ од 270 милиони евра со рок на враќање од 5 години и каматна стапка од 4,875 проценти, односно стапка на принос од 5,125 проценти.

Министерот посочи дека побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница била два и пол пати повисока и достигна 632 милиони евра. Запишана е од над 100 инвеститори од кои најголем дел се од Европа и САД, а останатите се од други земји. Меѓу инвеститорите се најпознати инвестициски банки во светот, пензиски фондови, осигурителни компании и еквити фондови. Трансакцијата се реализираше во соработка со Сити банк, Дојче банк и Ерсте банк

Одговарајќи на новинарски прашања министерот појасни дека издавањето на еврообврзницата беше планирано на износ до 500 милиони евра и до 10 години рок на отплата.

-  Во одлуката на Владата наведено е дека задолжувањето смее да изнесува до 500 миолиони и до 10 години. Во изминатиот период имавме средби со над 50 банки кои сметаат дека на економски план индикаторите на РМ се одлични и многу подобри од тоа што инвеститорите го слушнале при посетата на земјите во регионот, кои имаат полоши економски перформанси, но од друга страна изразуваат загриженост за политичката ситуација во земјата и тоа е причина зошто привремено трошоците на македонската еврообврзницата и на постоечката што се тргува беа повисоки отколку што заслужуваме како држава, рече Ставрески и додаде дека нивна проценка е дека со помал износ треба да се надмине овој период додека се поизразени поилитичките процеси и политичките ризици и понатаму да може да се добијат подобри услови.

 
 
24.11.2015 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега