Во бараката изгореа мајка и седуммесечно бебе - детали од трагедијата која го потресе Охрид
Трагедија се случи рано изутринава во Охрид. Мајка и седуммесечно бебе настрадаа во пожар кој избувна во импровизирана барака во близина на месноста Мауцкер, околу 200 метри од магистралниот пат кој од Охрид води кон Кичево, односно Скопје. Според најновите информации, настраданите биле лица од социјална категорија.
Пожарот што избувнал во 5.45 часот утрово прв го забележал вработен во бензинската пумпа „Петрол“ што се наоѓа во близина, за што ја известил Територијалната противпожарна служба, која веднаш реагирала со три противпожарни возила.
Пожарот бил изгаснат, но во него биле пронајдени јагненосаните тела на мајката и бебето.
Извршен е увид на местото на несреќата, во присуство на истражен судија, така што ќе се увтрдуваат причините за несреќата. Според првичните информации, станува збор за несреќен случај, пожар предивикан од импровизирано грејно тело.