Во Скопје уапсен член на Исламската држава

Полицијата утринава спровела акција во која лишено од слобода е едно лице, член на ИСИЛ, пишува Курир.

Според неофицијалните информации, акцијата била спроведена во Скопје, а лицето е од населбата Чаир.

Иако се уште нема официјална потврда од МВР, апсењето е продолжување на акцијата „Ќелија“ во која беа опфатени македонски државјани кои учествувале во воени судири, директно или како логостика, на страната на Исламската држава, пред сè на боиштата во Сирија.

 
 
26.11.2015 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега