ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ им се закани на медуми наместо да одговори дали Кирацовски е осуден за учество во тепачка

 

СДСМ вчера жестоко се пресметуваше со медиумите кои си ја вршеа работата, како тие да им се виновни за тепачката во која едно лице е избодено со нож, соопштуваат од ВМРО-ДМНЕ.

интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

 

СДСМ вчера им се закануваше на медиумите како медиумите да номинирале функционер со насилен криминал зад себе.

СДСМ вчера ги навредуваше медиумите како тие да имаат дебели криминални досиеја, а не функционерите на СДСМ.

СДСМ вчера ги осуди медиумите наместо да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста.

Дали има или нема криминално досие заменик-министерот Кирацовски?

Дали имало или немало судски процес во Основниот суд Битола против него?

Дали Кирацовски е осуден или не е осуден за учество во тепачка?

Дали во тепачката на едно лице со нож му е пробиено левото белодробно крило?

Кој е Александар Кирацовски кој што во пресудата од Основниот суд Битола е прогласен за виновен и е осуден на три месеци условна казна затвор?

Не постојат прашања кои не заслужуваат одговор. Се ближи 24 април и граѓаните ќе ви го дадат истиот одговор кој ви го дадоа после референдумот со кој и нанесовте штета на Република Македонија.

 
 
27.11.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега