Трагедија: Скопјанец го загуби животот во бизарна несреќа

Трагедија ја потресе Македонија. Во текот на вчерашниот ден од 13 до 22 часот и 30 минути, во битолското дело Раштани, 45-годишниот Трајче К. од Скопје кој живее во Битола, а работел во Јавното претпријатие Македонски Шуми, подружница „Кајмакчалан“ загинал во бизарна несреќа. Според податоците од полицискиот билтен, додека тој управувал трактор „Њухоланд“ сопственост на „Лозар Пелистерка“ ДООЕЛ, на кој имал поставено плугови и орал на брег од левата страна на земјениот пат,  се превртел при што целосно бил поклопен од тракторот и од здобиените повреди починал на лице место.

Смрт е констатирана од доктор од Итната медицинска помош. Телото на починатиот е пренесено во одделението за судска медицина.

 
 
27.11.2015 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега