ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме секој притисок на СДСМ врз медиумите
СДСМ е во очај и затоа сега медиумите им се виновни, а како што ќе ближи 24-ти април виновни ќе им бидат и граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува секој притисок и атак од страна на СДСМ врз медиумите. Медиумите и јавноста имаат право да ја знаат вистината дали партиските фунционери на СДСМ имаат криминални досиеја и правосилни диудски пресуди.
Граѓаните и медиумите имаат право да знаат:
Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице со досие од областа на насилниот криминал?
Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице кое е осудено со казна затвор од 3 месеци или една година условно доколку не го повтори делото?
Дали медиумите лажат дека имало судски процес во Основниот суд Битола против него?
Дали во тепачката која е предмет на кривичен прогон на едно лице со нож му е пробиено левото белодробно крило?
Овие прашања СДСМ мора да ги одговри, порано или подоцна. Нема бегање. Колку повеќе молчи толку посурова ќе биде политичката казна на граѓаните на 24-ти април.
Остануваат само уште 146 дена од народниот суд. Времето за СДСМ незапирливо тече.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа