Старица од Скопје остана без 1.200.000 денари

 

Пред неколку денови во полициската станица во Чаир било пријавено дека била извршена тешка кражба во стан во Скопје.

76-годишната Н.Х. од Скопје пријавил дека во периодот од 13 часот и 30 минути до 14 часот на улицата „Боро Менков“, непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во нејзиниот стан и извршил тешка кражба.

Крадецот одзел златен накит и 11.000 евра.

Со тоа, арамијата се стекнал со 1.200.000 денари. 

Полицијата работи на откривање на сторителот.

најчитано сега