Груевски во судница: Тврдењата на Петковски ми предизвикаа немир и загриженост

Никогаш не прифатил промена на имео а тврдењата на Тито Петковски ги доживеал многу емоционално со голема загриженост и немир. Вака премиерот Никола Груевски во судницата број 18 во Граѓанскиот Суд во Скопје образложуваше зошто покренал тужба за клевета против лидерот на НСДП кој некогаш беше негов коалиционен партнер.

„Никогаш не прифатив проман на името. Тврдењата на Тито Петковски ги доживеав емоционално многу непријатно со чувство на загриженост и внатрешен немир од можноста ова тврдење да биде прифатено барем од дел од средината. На повеќе соработници морав да им објаснувам дека никогаш не сум прифатил ниту предлози за промена на името“, изјавил премиерот пред судијата и тужениот Петковски.

Груевски го тужи лидерот на НСДП за изјавата дадена за Фокус во кој тој тврди дека Груевски прифатил промена на Уставното име. 

Сеуште не е започнат исказот на Тито Петковски во својство на тужен. Судот ги одби сведоците предложени од Петковски.

најчитано сега