Пукање во скопско: Двајца убиени еден повреден

Две лица се убиени а едно се бори за живот по вооружен напад кој синоќа после 23 часот се случил во скопското село Грчец.

Според информациите до кои дојде Алфа сега убиените и повреденото лице биле во возило марка Mерцедес паркирано од влезот на селото во близина на селската продавница. Во нив било пукано од лице или лица кои по нападот побегнале.

 

Од МВР не даваат информaции дали убиените или повредениот се од селото ниту пак од какво оружје е пукано, а нема информации ниту за бројот на напаѓачите. Повредениот после извршената операција е задржан во болница на лекување.

 
 
03.12.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега