Ставрески: 2,3 милијарди евра СДИ се влезени во Македонија од 2007
Странските директни инвестиции во земјава од 2007 до 2015 година достигнале сума од 2,3 милијарди евра или тиа е за четири пати повече во однос на периодот од 2003 до 2006 година, истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за Канал5.
- Вкупната бројка од 2,3 милијарди евра е добра бидејќи се работи за гринфилд инвестиции за разлика од други земји каде има инвестиции во недвижности во хотелиерство и слично. Кај нас се инвестиции во фабрики, пред се во автомобилската индустрија кои креираат и многу работни места и извоз – вели Ставрески. Според вицепремиерот растот на инвестициите е резултат на подобрувањето бизнис климата, на одржувањето на ниски даноци, на добриот однос на Владата, реформите во образованието и повеќе други фактори. Ставрески вели дека она што е најбитно е што фабрики се градат во сите градови низ Македонија, во сите региони, на пример во Кичево Кисејфти системс, во Охрид и Струга ОДВ електрик, во Штип Џонсон Контролс, во Прилеп Гентерм итн.
- За три дена имаме три нови странски инвестиции. Завчера се потпиша договорот со Монтанте, вчера во Прилеп беше потенцирано продолжувањето со градба на Гентерм и денеска имаме турска инвестиција во Кочани за производство на ориз. Станува збор за значајни инвестиции кои се резултат на еден долготраен сериозен пристап за привлекување на странски инвестиции – вели Ставрески и доддава дека само во овие три фабрики ќе се вработат 2.150 луѓе што ќе значи егзистенција за 2.150 семејства. Ставрески додава дека странските инвестиции придонесуваат Македонија да има производство на модерни технолошки производи, како на пример Монтанте и Гентерм кои произведуваат автомобилски делови кои се вградуваат во најсовремените автомобили во Бентли, Порше, БМВ и слично.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа