INC: Македонија меѓу најдобрите земји за отворање бизнис
Можеби мислите дека започнувањето на бизнис може брзо и лесно да се заврши каде било во светот, но не е така, пишува сајтот inc.com.
поред статистиките од британскиот бизнис сајт Approved Index, во 2015 година просечното време за отворање бизнис било 20 дена, а во 2014 година 22 дена.
Нов Зеланд го држи рекордот за земја во која најбрзо се отвора бизнис (помалку од 24 часа), а во Венецуела за тоа се потребни дури 144 дена.
Ова се топ 10 земји во кои најбрзо се започнува бизнис.
- Нов Зеланд – 1 ден
- Македонија – 1 ден
- Канада – 2 дена
- Хонгконг – 2 дена
- Грузија – 2 дена
- Австралија – 3 дена
- Португалија – 3 дена
- Сингапур – 3 дена
- Ерменија – 3 дена
- Азербејџан – 3 дена
На овие земји во продолжение им се потребни повеќе денови за отворање бизнис од оние кои се погоре наведени.
-Обединето Кралство – 5 дена
-САД – 6 дена
-Панама – 6 дена
-Мексико – 6 дена
-Германија – 11 дена
-Мадагаскар – 13 дена
-Никарагва – 13 дена
-Доминиканска Република – 15 дена
-Гватемала – 19 дена
-Етиопија – 19 дена
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа