Каква ќе биде новата цена на горивата во Македонија?

 

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинија за еден денар, а цената на бензините остана иста според последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика. 

Според Одлуката, новата цена на дизелот е 48,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќиснтво 37,50 денари.

Се намали и цената на мазутот, а изнесува 19,2 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 42,8 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 57,7 денари за долар.

Останува по ова поевтинување да видиме каква ќе биде новата цена на горивата во Макеоднија.

 
 
08.12.2015 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега