Камен-пијана девојка направи драма на Партизанска

По полноќ камен-пијана девојка направи хаос на булеварот „Партизански одреди“. Според податоците од полицијата, се работи за 30-годишната  Е.Т.П. од Скопје која десетина минути пред 4 часот утрово, го нарушилајавниот ред и мир така што откако се напила малку повеќе, навредувала полициски службеници со погрдни и непристојни зборови и ги снимала со мобилен телефон.

Девојката била приведена во полициската станица во центар каде и било извршено алкотестирање, при што полицијата констатирала дека таа има 2,20 промили алкохол во крвта.

 

 

 
 
09.12.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега