Немојте да ги фрлате старите телефони - еве што да направите со нив

 

Ако имате паметен телефон кој веќе не го користите, со помош на апликацијата Boinc можете да помогнете во научно истражување, а со самото тоа планетата да ја направите подобро место.

Инаку, откако Boinc ќе се инсталира и стартува, вашиот телефон ќе стане дел од огромен супер-компјутер. Во меморијата на телефонот ќе бидат зачувани научни податоци.

Податоците во врска со опстанокот на човештвото, ќе се процесуираат на секој телефон кој има инсталирано Boinc апликација, а со цел да се развие науката.

Оваа апликација е совршена бидејќи научните проблеми и истражувања се поделени на милиони пакети и се чуваат во различни уреди кој се контролирани од страна на еден сервер, па се добива брз систем кој е лесен за одржување и финансирање, а тука се и заштедата на ресурси и енергија.

Bonic ќе работи само кога телефонот е приклучен на полнач, а податоци се испраќаат само преку Wi-Fi.

 
 
09.12.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега