Штипјанец со 3,14 промили алкохол во крвта нападнал полицајци

Во саботата навечер, околу 21:10 часот во Штип на ул.„Кирил и Методиј“ во сендвичара, по претходно сторен физички напад под дејство на алкохол и поради продолжување со прекршок, полициски службеници од Штип  го затекнале триесет и две годишниот З.М. од Штип, како разговара на мобилен телефон. Од страна на полицискиот службеник му била дадена наредба да прекине со разговорот и да дојде со нив во полициска станица, со намера да се расчисти физичкиот напад. З.М. ја игнорирал наредбата, по што во еден момент со нозе го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го во пределот на десната подколеница, по што истиот бил лишен од слобода и приведен во полициската станица во Штип каде му било извршено алкотестирање и утврдено присуство на алкохол од 3,14 промили. Од страна на увидна екипа е извршен увид на лице место. Против З.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 
13.12.2015 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега