Мицковски за Конгресот на СДСМ: Глумење лудило и реторичко популистички настап

 

Глумење лудило и реторичко популистички настап. Вака долгогодишниот истакнат партиски активист на СДСМ Ивор Мицковски го оценува денешниот конгрес на СДСМ и им предвидува нов пораз заради неискрената политика.

-Последно нешто што ни треба е вашето глумење лудило за промени, вашите институционални формализми и реторичко-популистички успеси за граѓанството. Сакавте да се акомодирате со власта, да станете дел од нивната власт, ајде, направете нешто институционално што ќе ги смени работите, напиша Мицковски.

mickovski-fb500

Мицковски жестоко распали по раководството на опозицијата и пред некој ден преку пост на својот ФБ профил. Неговиот став за опозицијата е дека ја водат губитници, замаглени глави, нереални, нерелевантни и ситни души.

Според Мицковски, опозицијата форсирала интелектуални гета и секти, неспособни да произведат, ниту пак замислат поинаква културна, политичка и општествена парадигма.

-На пат сме да го воскреснеме режимот, и покрај идеалните услови за негов крај. Историјата ќе покаже како ситни души и замаглени глави одбраа погрешни патишта, но малку што вреди историјата на губитниците, пишува Мицковски.

Мицковски додава дека гледа преголеми заблуди кај оние кои се замислуваат дека се некаква прогресивна сила во општеството, а всушност се самоизолирани и веќе препознаени како нереални и нерелеватни.

 
 
13.12.2015 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега