Од утре значително намалување на цените на горивата во Македонија
Нова корекција на малопродажната цена на нафтените деривати треба да објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според последните податоци кои доаѓаат од светските берзи, се очекува позначително намалување на цените на нафтените деривати.
Во моментов барел нафта на берзата во САД чини 35,46 долари а северноморската нафта врз основа на чија цена се формираат и цените во Македонија чини 37,67 долари за барел што е значително пониска цена во однос на 45,73 долари за барел колку што беше средната цена кога пред две недели регулаторот ги објави новите цени.
Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 62,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 64,5 денари а ЕУРОДИЗЕЛ 48,5 денари за литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа