Страшна сообраќајка во Куманово: Маж се бори за живот на Ургентен

Во 15 часот и 30 минути вчера во близина на Сточниот пазар во селото Коњаре, се случила сообраќајна незгода во која возило марка „Опел- Олимпија“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот С.Д. од Куманово, удрило во велосипедист од истото село, 74-годишниот М.П.

Според податоците од полицијата, нсреќниот маж се здобил со  тешки телесни повреди по што е пренесен во Медицинскиот Центар во Куманово, а оттаму во неконтактибилна состојба и во животна опасност пренесен е во Ургентниот Центар во Скопје.

Увид на лице место извршила увидна екипа на полицијата од Куманово.

 
 
14.12.2015 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега