Македонската економија пораснала за 3,5% во третиот квартал од годинава

 

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува 3,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите: градежништво, 29,4 проценти, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, 15,9 проценти, финансиски дејности и дејности на осигурување, 11,7 проценти и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и објекти за сместување и сервисни дејности со храна,  за седум проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третиот квартал годинава бележи номинален раст за 3,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,4 проценти.  Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 3,3 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 2,9 проценти

 
 
14.12.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега