Солистка на Македонската опера и балет претепала охридски манијак
Триесет и пет годишната солистка на Македонската опера и балет, Зорица Ивановска била нападната синоќа околу 3 часот во Охрид. Насилникот, според Зорица имал околу 20 години, почнал да ја удира по глава, по што таа возвратила удирајќи го со клоци и боксови.
- Додека го отклучував влезот во зградата почувствував дека некој доаѓа зад мене. Се свртев и видов како ми приоѓа младо момче. Ми се нафрли, на што јас му возвратив со шамари и клоци. Потоа и тој почна да ме мава по главата и настана буквално тепачка. Во еден момент почнав да вриштам и да го мавам, по што тој побегна - вели Иваноска за Охрид 1, и додава дека истото момче ја нападнало и пред две седмици само што тоа траело кратко и веднаш побегнал.
Отпорот кој таа го пружала го разлутила манијакот кој буквално почнал да се тепа со нападнатата, која во еден момент од тепачката почнала да вришти и интензивно да го мава насилникот, кој од ударите и вриштењето се дал во бегство и избегал на Булеварот Туриситичка кон објектот наречен Мини Маркет.
Потоа Иваноска повикала полиција, која веднаш дошла, ја сослушала и заедно со неа направиле обиколка на околните улици но од насилникот немало ни трага ни глас.
Зорица Иваноска е охриѓанка, вработена во Македонска Опера и балет, а во Охрид била на одмор.
Полицијата го истражува случајот.
Извор и Фото: Охрид 1