Пукаа куршуми и бомби во Ресен - еве што се случуваше

Пожарот што во неделата избувна во близина на ресенското село Арвати, на потегот  спрема селата Брајчино и Сливница е ставен под контрола, информира денеска командирот на Територијалната противпожарна единица Ресен Ванчо Илиевски.

Екипи на ТППЕ - Ресен и на јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Ресен, кои учествувале во гасењето се уште се на терен и контролираат да не дојде до повторно активирање, бидејќи, според Илиевски, се работи за голем и непристапен простор од 300 хектари пасишта, дабова и букова шума.

- Пожарот е под контрола. Неговото гасење одеше отежнато бидејќи се работи за огромен и недостапен простор. На тоа место бил Францускиот фронт за време на Првата светска војна и има многу пешадиска муниција, којан претставува опасност за луѓето. Пукаат куршуми и бомби, а пронајдена е и една граната, за што е известена Дирекцијата за заштита и спасување, изјави Илиевски за МИА.

Според него, нема опасност од опфаќање на куќи и други објекти, но причинета е голема материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.

-  Опожарени се огревни дабови и букови дрва. Штетата дополнително ќе се утврдува, истакна Илиевски

 
 
17.12.2015 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега