ЕБОР со програма за жени бизнисменки

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Охридска банка, која е дел од Групацијата „Сосиете Женерал“, денеска во Скопје ќе ја претстават Програмата за жени во бизнис наменета за финансирање на претпријатија раководени од жени.

Кредитната линија во висина од 3 милиони евра од ЕБОР, кои ќе се користат преку Охридска банка, има за цел да го поттикне учеството на жените во економијата. 

Програмата треба да им помогне на претпријатијата раководени од жени да обезбедат финансиски средства и практично знаење за да го развијат својот бизнис. 

На презентацијата на програмата најавено е учество на вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, шефот на Канцеаларијата на ЕБОР, Анка Јонеску, на директорката на секторот Корпоративно и инвестициско банкарство на Охридска банка, Нина Неданоска, како и на кординаторката за економска и трговска соработка во амбасадата на Шведска, Билјана Џартова - Петровска.

 
 
18.12.2015 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега