Драма во Велес: Дете го удри струја додека правеше селфи

Четиринаесетгодишно момче од Велес се здоби со тешки изгореници од струен удар од жиците на електромрежата за движење на возовите.

Според информацијата од СВР Велес вчера околу 12 часот и 15 минути  во полицијата било  пријавено дека на Железничката станица во Велес дете било повредено од струен удар откако ги допрело жиците за електро напојување од 25 илјади волти- јачина од електро мрежата за движење на возовите, јави МИА.

Како што информира за медиумите Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, првичните информации се дека детето - 14 годишниот Б.К. бил повреден откако се качил врз товарен вагон паркиран на Железничката станица и сакал самиот да се фотографира, а притоа несакајќи ги допрел жиците од електрична струја за движење на возовите.

- На детето му е укажана  итна лекарска помош во Медицински центар Велес и поради тешките изгореници е препратено на скопските клиники. Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес изврши увид на лице место, информира Стојковска.

 Очевидци велат дека неговите две другарчиња веднаш повикале помош, а први дошле од обезбедувањето на Фариката „Ветекс“ која е во непосредна близина на Железичката станица. Тие го гаснеле детето со пена за гаснење пожари. Потоа дошле и го гаснеле и  пожарникарите одВелес, јави МИА.

 
 
18.12.2015 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега