Почина Слободан Чашуле

Слободан Чашуле, македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 – 2002 година, амбасадор, по кусо боледување почина на 70-годишна возраст во Мадрид синоќа. 

Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Тој беше новинар и основател на ТВ Скопје, дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу, дописник за Танјуг во Латинска Америка и Карибите, главен уредник на Танјуг во Македонија.

Од 1990 — 1994 е директор и главен уредник на македонското радио, потоа генерален директор на „Нова Македонија” – Скопје.

На 30 ноември 2001, Чашуле стана министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски. Во 2002 година избран е за пратеник во македонското Собрание.

Нека почива во мир!

 
 
18.12.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега