Трајче и Крсто од Скопје ќе лежат во затвор

СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лиши од слобода 31-годишниот Трајче К. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. 

СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лиши од слобода и 42-годишниот Крсто Г. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и два месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Двајцата се пренесени во затворот Идризово.

 
 
21.12.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега