Полицијата влезе во Тетово - еве што затекна

Дванаесет странски државјанки и едно женско лице од нашата земја биле затекнати и приведени при акциска контрола што вчеравечер од 22 часот до 1 часот и 30 минути по полноќ  полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово  ја спровеле во угостителскиот објект „Енерџи клуб“ што се наоѓа на излезот од Тетово кон Сараќино и чиј  сопственик е 45-годишниот Т.Џ. од Тетово.

- Затекнатите странски државјанки, по 5 од Србија и Албанија, 1 од Бугарија и 1 од Хрватска, на различна возраст од 18 до 31 година и кои биле вработени како танчарки,  како и сопственикот на објектот биле приведени  и задржани во Секторот за внатрешни работи Тетово по што биле преддадени за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека вчерашната акциска контрола е во рамки на постојаните активности на СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјанки кои непријавено престојуваат односно го злоупотребуваат туристичкиот престој и работат на подрачјето најчесто во угостителски објекти како пејачки, танчерки, келнерки и друг угостителски персонал. 

 
 
23.12.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега