ВИДЕО ОД ЗАПЛЕНАТА НА ТАБАНОВЦЕ: Го фатија со 4,5 килограми дрога

Царинските службеници од Одделението за оперативни работи вчера спечија обид за шверц на околу 4,5 килограми марихуана.

 При детална контрола, извршена со помош на царинско куче, на Ауди А6 караван со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин кој патувал заедно со својата сопруга и двете малолетни деца, во специјално направен бункер во долниот дел од автомобилот, зад задниот браник се пронајдени 3 пакувања наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога NIKе утврдено дека станува збор за марихуана со тежина од околу 4,5 килограми.

Видеото погледнете го ТУКА

поопширно за веста прочитајте ТУКА.

 
 
23.12.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега