Автомобил удри во излог на бутик во Кавадарци

Паркиран автомобил ноќеска сам се придвижил и удрил во излог во строгиот центар на Кавадарци. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

- Во  1 часот 15 минути  на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „пежо 407“ со кавадаречки регистерски ознаки кој бил паркиран од 36-годишен жител на Кавадарци, сам се придвижил и удрил  во излог на  бутик,  лоциран на истата улица, рече таа.

Екипа од полициската станица од општа надлежност Кавадарци изврши увид на лице место.

 
 
24.12.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа