Среде зима беснеат пожари во шуми во Македонија

Два пожари беснееја вчера во Македонија. Во 11 часот и 45 минути командир на Противпожарната единица од Македонска Каменица, известил дека на планината Осогово, во селото Горна Цера на местото „Китка“ имало пожар во кој горело трева и ниско стеблеста шума. Во 17 часот пожарот бил локализиран и изгаснат, а со пожарот била зафатена трева и ниско стеблеста шума со површина од 3 хектари.

 Исто така, на планината Пониква, под врвот Руен, настанал пожар во кој горела сува трева. Околу 17 часот и 30 минути пожарот зафатил ниско-стеблеста шума (смреки) и неколку хектари дрвја - бука. На местото на настанот излегле екипи од ТППЕ и пожарот бил локализиран. За настанот бил известен  ЦУК.

 

 

 
 
24.12.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега