Камион прегази 17 овци на стариот пат Штип - Велес

Вкупно 17 овци угинаа на стариот регионален пат Штип - Велес откако во нив удри товарно возило, соопшти полицијата.

Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила на патот меѓу селата Три чешми и Кадрифаково. 

Увидот е во тек и засега нема подетални информации за евентуално повредени лица. 

Во слична несреќа на оваа делница во 2010 година угинале 30, а во 2011-та 11 овци. 

 
 
24.12.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа