Субрата Рој со инвестиција од 200 милиони евра ќе ја направи Џумајлија регионален центар на млечната индустрија
Денеска индискиот гигант Субрата Рој е во Охрид, каде најави дека Сахара Груп во следните три години ќе инвестира во агрокомбинатот Џумајлија околу 211 милиони евра, ќе вработи над 2000 лица и ќе изгради фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.
- „Оваа инвестиција за нас е можност да се развиваме во сегмент што го владееме одлично. Млечната индустрија има можности за развој единствено ако се вложат средства. Без инвестиции ниеден бизнис не е оддржлив, а посебно не сегментот на земјоделството каде тие се повеќе од потребни. Нашите намери во оваа земја се искрени, а со оглед на гео - стратешката положба на земјата, можностите за успех на еден бизнис се големи. Анализите ни покажуваат дека со правилни инвестиции ќе успееме да ја оствариме нашата цел да бидеме лидери во овој сегмент во регионот. Можностите за развој се големи само треба да се искористат“, изјави Субрата Рој.
Инаку, Сахара Индија Паривар поседува десетици компании и има над милион вработени лица. Групацијата има компании во делот на недвижнини со проекти за изградба на населби, има големи инвестиции во делот на спортот во крикет, формула еден, поседува неколку медиуми, хотели во Лондон и Њујорк, Мумбаи, осигурителна компанија, во делот на производство на електрична енергија, здравство, студио за изработка на филмови, ИТ технологијата, туризам и образованието.
ФОТО: Дневник