Од Нова Година по 1000 денари повисока плата

 

Oд 1 јануари се зголемува минималата плата – најави премиерот Никола Груевски за време на гостувањето во ТВ Дневникот на Сител. Тој нагласи дека ова е ветување кое тие го дале пред граѓаните и нема да отстапат од истото.

 

– Од 1. јануари2016 ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности како што е ветено, освен во текстилната и кожарската индустрија каде зголемувањето ќе биде од 8.050 на 9.000, односно речиси за 1.000 денари. Во 2018 година и тие две дејности ќе се изедначат со другите дејности, посочи премиерот.

 
 
25.12.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега