Тинејџер прободен со нож во стомак во тетовско

Шеснаесетгодишник од гостиварското село Добридол, синоќа би прободен со нож во стомакот откако, тој и негов другар претходно се степале со две лица од Топлица.

Според СВР Тетово, повредениот и негов другар на улица „Браќа Ѓиновски“, спроти Центарот за култура, синоќа околу 19 часот, започнале расправија, а набрзо и се степале со Е.Џ (21 ) и Т.Л. (22) од Топлица

Во тепачката, Т.Л. извадил нож и го прободел 16-годишникот во стомакот, по што двете повозрасни лица, учесници во тепачката,  избегале од местото. Подоцна, тие се пронајдени, приведени и во консултација со јавен обвинител, задржани се во Полициската станица Гостивар.

Повредниот бил пренесен во гостиварската болница, а отаму заради тежината на повредата однесен на скопските клиники и се наоѓа надвор од животна опасност.

Во текот на денот по расветлувањето на околностите под кои дошло до ранувањето, ќе бидат изготвени и соодтвени пријави, информираат од СВР Тетово.

 
 
25.12.2015 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа