Уапсена Генерал Мими - жената што ја измами пола Македонија
Им ветувала вработување во НАТО и големи бизниси со претставништвата на алијансата во регионот. МВР ја уапси „Генерал Мими“, 34 годишна жена од Скопје, која лажно претставувајќи се како шефица во базата Бондстил успеала да измами повеќе македонски државјани. Им ветувала вработуања и бизниси со НАТО за одреден паричен надомест. Жртвите дури и ги праќала во Битцијани за да се облечат во одела и добро да изгледаат на бинзнис средбите, кои всушност никогаш не се случувале. Кога ќе ги земела парите, исчезнувала. Како што дознава Press24 од свои извори, приказната за „Генерал Мими“ стигнала дури до Брисел. На поплаките реагирал дури и Генреалниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен. Тој преку својот амбасадор Дирек Бренгелман, кој минатата недела беше во Македонија директно им кажал на македонските власти дека жена измамничка го злоупотребува името на алијансата. „Генреал Мими“ била веднаш уапсена. Се уште не се знае колкумина точно се вплеткале во нејзината измамничка мрежа. Од МВР за Press24 ја потврдуваат информацијата, но повеќе детали најавуваат за утре.