Владините мерки даваат резултати: Намалена стапката на сиромаштија
Стапката на сиромашни лица во Република Македонија минатата година изнесуваше 22,1 отсто, што е намалување за 2,1 процент во однос на 2013-та и за 4,1 отсто во оснос на 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Стапката на сиромаштија во 2013-та била 24,2 проценти, а во 2012 година 26,2 отсто. Бројот на сиромашни лица во Македонија лани изнесувал 457,2 илјади лица. Стапката на сиромаштија кај жените е 21,9, а кај мажите 22,9 проценти. Според возраста, стапката на сиромаштија во групата од 18 до 65 година изнесува 21,4 проценти, а кај оние над 65 години 14,5 проценти.
Најголема е кај домаќинствата со две воразни лица и со три и повеќе издржувани деца и изнесува 51,1 проценти, потоа следат домаќинствата со две ворзасни лица и две издржувани лица каде стапката е 25 проценти, и домаќинства со издржувани деца.
Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9,8 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 8,4 проценти.
Gini коефициентот, односно мерката за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 35,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа