Тетовчанец заврши на скопските клиники - го претепале со шипка

Тетовчанецот Ц.М. итно пренесен во болница, откако се здоби со тешки повреди во главата.

Вчера околу 18.30 часот А.Н. телефонски го повикал 27-годишниот Ц.М. да се сретнат наспроти супермаркет лоциран на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово. Кога се сретнале А.Н. му задал неколку удари на Ц.М. со метална шипка во пределот на главата и телото, при што паднал во безсознание. Поради сериозноста на повредите, 27-годишниот Тетовчанец бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

 
 
25.12.2015 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа