Страшна сообраќајка: Кавадарчанец заврши на Ургентен

Кавадарчанец тешко повреден во страшна сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино.

Синоќа на патот Кавадарци – Неготино на влезот во село Марена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19 -годишниот З.Ј. од село Марена и патничко моторно возило „Пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Кавадарчанец Д.Н.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н. на кој му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што бил препратен во Ургентниот центар во Скопје. Додека возачот на „Голфот“ и 43-годишниот сопатник Д.Ф. од Сопот, се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Извршен е увид, се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 
 
25.12.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа