Монструм: Дадилката која тепаше бебе не чувствува вина

Тодорка Стаменковска во судот се соочи со родителите на бебето кое го малтретираше како негова дадилка.

Рекла дека не се чувствува виновна по обвинението кое е поднесено против неа.

Нејзиниот адвокат најави дека ќе ја оспорува квалификацијата на кривичното дело за кое се товари­ „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, а според што таа одговара дека му нанела тешки телесни повреди на детето.

Видеото со дадилката од Ѓорче Петров која го тресе и удира бебето го обиколи светот, но адвокатот вели дека не е се како што изгледа и како што било прикажано од страна на МВР и обвинителството.

Погледнете ТУКА како дадилката се криеше во Судот.

 
 
25.12.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа