Итно пренесени во болница: Петмина скопјани тешко повредени

Нема крај на сообраќајниот хаос во Скопје. Во текот на изминатите 24 часа се случиле 11 сообраќајни незгоди во кои пет лица се повредени. Со полесни повреди се здобиле тројца возачи на автомобили и шест сопатници.

Се случила и една незгода во која двајца се тешко, а три лица полесно повредени.

Вчера од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, седум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, како и 10 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 81 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 16 часот во спортската сала „Градски парк“ во рамките на Првата кошаркарска лига ќе се одигра натпревар помеѓу КК Работнички и МЗТ Аеродром. Со цел безбедно одвивање на овој настан од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

 
 
30.12.2015 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега