Претседателот Иванов на Галичка свадба
Денеска претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ќе присуствува на 40-та Галичка свадба.
Инаку, со изведување на свадбените ритуали и со венчавката на младенците,26-годишната скопјанка Александра Крстевска и 27-годишниот мавровец Васе Ѓорѓевски во Бигорскиот манастир денеска завршува традиционалната Галичка свадба која се одржува по 40 пат, а вчера почна со три истрели од пушка.
Манифестацијата е инспирирана од желбата на жителите на Галичник да ги сочуваат од заборав обичаите карактеристични за мијаците.