Мигранти од Ирак и Сирија се криеле во вагон во Гевгелија
Вчера во 19 часот и 40 минути на Железничка станица во Гевгелија при извршена контрола на вагон, пронајдени се еден државјанин на Ирак и двајца државјани од Сирија.
Тројцата мигранти се обиделе да остварат илегален влез во Македонија.
Лицата се предадени на грчките погранични органи.