Експлозија во Куманово

Утрово, околу 4 часот во Куманово се случи експлозија од пиротехничко средство, кое што засега непознат сторител го фрлил во близина на шахта на булеварот „Октомвриска револуција„ спроти спортската сала на просторот помеѓу пешачките патеки на кејот и патеката на самиот булевар. За среќа, нема повредени лица, а причинета е материјална штета на шахтата.

 При увидот што го  извршиле, увидна екипа на полицијата и стручни лица од одделот за антитеротизам од МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство  Куманово, констатирано е дека ескплозијата настанала на приземниот дел на бетонската шахта  од дистрибутивниот гасовод. Непознат сторител, фрлил пиротехничко средство во близина на шахтата и при испуштање на дозволена количина гас од шахтата дошло до експлозијата.

Се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

 
 
03.01.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега