ФОТО: Несовесен возач се изврте со шлепер кај Пресека и направи хаос

Иако сите служби алармираа и донесоа забрани за движење на тешки товарни возила поради снегот кој не престана да вее во Македонија, некои возачи сепак не ги почитуваат забраните и предизвикаа хаос. Иако на планинскиот превој Пресека има забрана за движење на тешки товарни возила, несовесен возач не ги почитувал препораките и се извртел со шлепер. Со тоа го блокираше патот и предизвика 6 километарска колона, но благодарение на брзата реакција на надлежните шлеперот е отстранет од коловозот и сообраќајот продолжил да се одвива во зимски услови.

 Екипи на „Македонија пат“ постојано се на терен и интервенираат во надминување на застојот на патиштата.

 
 
03.01.2016 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега