Убиство во Скопје: Го прободел со нож во срцето

Едно лице е убиено во Скопје откако вчера вечерта било прободено со нож во срцето, неофицијално дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, две лица со потешки повреди вчера вечерта биле донесени во Градската болница. Едното лице имало убодна рана најверојатно од нож во пределот на срцето и починало во болница. Другото лице е надвор од животна опасност. Се уште нема информации за идентитетот на убиениот и повредениот.
Од полицијата официјално не откриваат детали. Потврдуваат само дека инцидентот се случил на територијата на Бит Пазар и дека имаат едно приведено лице со кое се во тек разговори.
Повеќе детали се најавуваат во текот на денот. 

 
 
04.01.2016 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега