Откриен идентитетот на убиеното момче во Скопје

Деветнаесет годишниот Леард А. е момчето кое вчера вечерта беше убиено кај БитПазар.

Сега починатиот и уште едно лице со повреди од остар предмет, најверојатно нож, вчера вечерта биле донесени во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“ околу 19 часот. Еден час подоцна полицијата добила информација дека едно од лицата подлегнало на повредите.

Вториот повреден, по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. 

 
 
04.01.2016 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега