Во Битпазар убиен син на познат македонски новинар

Деветнаесет годишниот Леард А. Вчера бил донесен мртов во Градската општа болница Св. Наум Охридски. Тој бил прободен со нож во пределот на срцето. Во болницата на раце го донел неговиот другар кој исто така имал повреди од остар предмет.
Докторите не можеле да сторат многу. Се обиделе да го реанимираат но Леард веќе бил починат.
За инцидентот во Бит Пазар е приведено едно лице кое полицијата го сомничи за нападот.
Неофицијалните информации велат дека убиениот Леард е син на познат македонски новинар кој работел во спортското новинарство.

 
 
04.01.2016 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега