Генерал Мими лажела дека вработува во НАТО - олеснила 12 лица за 500.000 денари

 

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривична пријава против 34-годишната М.Џ. која од Јануари до Јуни оваа година направила 12 кривични дела  „измама“ и се збогатила за 567.300 денари.

Измамничката лажно претставувајќи се дека е вработена во базата на Бонстил на силите на НАТО во Косово како координатор за логистика, им ветила на повеќе лица од Македонија дека може да им најде работа во силите на НАТО како возачи, административни работници, месари, собарки, кафекуварки... додека на оштетените кои имаат фирми им ветила дека доколку аплицираат во НАТО  е им среди да го добијат тендерот за снабдување на базата со прехрамбени  артикли, хемиски средства за хигиена, пијалоци....  

 Оштетените лица требало да аплицираат со „СV“, фотокопија од лична карта, две фотографии и да платат сума од околу 6.000 денари за апликација од кои 1.800 денари за лекарски преглед, а за да изгледа поуверливо, пријавената ги упатила во продавниците „Марди“, „Бицијани“ и „Пеко“ да одберат гардероба која ќе им биде работна униформа. Тројца од  оштетени, сопственици на фирми требало да достават документи за регистрација на фирмата, две фотографии за беџ, фотокопија од лична карта и да платат сума од околу 1.500-2.500 евра за апликација. Откако ги земала парите од нив, почнала да им  бара примероци од храната и парфеми, за што оштетените почнале да се сомневаат, па  затоа провериле во бутиците дали гардеробата за работна униформа е подигната, по што истите констатирале дека пријавената не ја подигнала, ниту ја платила истата. 

 Инаку, пријавената беше предмет на интерес и при средбата на Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Дирк Бренгелман. На состанокот Бренгелман праша дали Министерството за внатрешни работи располага со информации околу измамите на пријавената за кои што бил информиран од НАТО. Во крим евиденцијата на Министерството за внатрешни работи, пријавената  минува засторени кривични дела од имотни деликти и кривични дела против правниот сообраќај, и против истата се поднесени четири кривични пријави.

ФОТО: МВР

најчитано сега