Вработена во златара доживеала вистински пекол

Вчера во 11.35 часот во златарата „Боно“ во Кочани непознато лице, маскирано и со закана со пиштол, физички ја нападнало вработената. Ја удирал со тупаници во пределот на главата по што таа паднала на подот. Потоа одзел поголема количина златен накит и избегал. Вработената била пренесена во Здравствениот Дом во Кочани за укажување на лекарска помош. Полицијата превзема  мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
05.01.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега