Вработени во ЕВН ја злоупотребиле службената положба

Две лица вработени во ЕВН добија кривична пријава поради злоупотреба на службена должност и овластување и кражба.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А. (39) од Липково, вработен во ЕВН Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ и против В.Ф.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Е.А. во текот на 2014 година, иако знаел постапил спротивно на прописите од мрежните правила и Упатството за промена на мерните уреди на ЕВН Македонија без да изготви соодветна документација демонтирал електрично броило и исто го прикажал како дел од постапка за нов приклучок поставувајќи го во куќата на второ пријавениот лоцирано во с. Сопот за паричен надомест од 30.000 денари.

В.Ф. со користење на електричното броило без одобрение од ЕВН во временскиот период од 2014 до 2015 година го оштетил ЕВН за сума од 76.570 денари.

 
 
05.01.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега