ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДРАЧЕВО: Најмалку осуммина повредени во силна експлозија

Најмалку осум лица се пренесени во Градска болница по експлозијата на плинска боца во семејна куќа во Драчево, јавува Сител. 

Сѐ уште нема официјални информации за сериозноста на повредените, но според првичните информации тие имаат тешки изгореници.

Плинската боца експлодирала нешто по 15 часот. Полицијата и противпожатната екипа е на местото на настанот. Според информациите на Сител запалени се две куќи.

 
 
05.01.2016 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега